Тенис

Нови полуфиналиња за Ѓорческа и за Грабул

26.09.2014 11:59

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучерс тенискиот турнир во бугарска Варна. Четвртоирангираната Ѓорческа со 6-3 и 6-3 по сетови ја победи во четвртфиналето Романката Габриела Талаба (583.на ВТА лиустата), по што за место во неделното финале утре ќе се бори со домашната адутка Изабела Шиникова (382.на светот).

Настап во полуфинале обезбеди и последниот наш претставник на фјучерс турнирот во Сокобања во соседна Србија, Димитар Грабул. Во четвртфиналниот меч со 6-3 и 6-3 по сетови го совлада домашниот тенисер Мики Јанковиќ (426. На АТП листата). Повисоко рангиран противник ќе има и во утрешниот дуел, Французинот Хлеб Сахаров, вториот носител на турнирот којшто е на 388.место во светот.