Хамилтон или Фетел

26.09.2014 15:01

Се погласни шпекулации за промената на возачката постава во Ферари. Неколку италијански медиуми тврдат дека Алонсо е се поблиску до излезната врата на тимот од маранело, а на негово место од тимот на Ферари се обидуваат да го ангажираат Луис Хамилтон или Себастијан Фетел. Според одредени написи со промената во раководната структура на Ферари и во долгорочните планови пред се поради возраста не се вклопува Фернандо Алонсо кој јавно го демонстрира незадоволството од развојот на настаните во најуспешниот тим во Ф1.

Италијански Тутоспорт веќе тврди дека Фетел има потпишано преддоговор со Ферари, додека Ла Газета пишува дека Луис Хамилтон е многу блиску до договор со Ферари. Според актуелната состојба сепак се чини дека британецот е поверојатна варијанта бидејќи уште нема нов договор со екипата на Мерцедес, додека и покрај незадоволството од сезоната во која е во втор план зад Рикардо,Фетел е подготвен да остане во ред Бул и да работи на развојот за новата сезона. Дека во Ферари постои група која работи на прекинот на соработката со Алонсо тврди и шпанска Марка.