Конкурс за нови композиции според законот за поддршка на домашната музичка продукција

27.09.2014 11:34

Македонската радио телевизија распишува конкурс од четвртиот квартален циклус за 2014 година за создавање нови композиции од законот за подршка на домашната музичка продукција.

Конкурсот се распишува на 27 септември 2014 година и трае 90 дена.

Со цел за поттикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс секоја година финансира создавање на 200 нови вокално – инстурментални композиции, од кои 150 се од областа на забавната и народната музика и 50 се детски композиции.

Со средства од Буџетот на Република Македонија Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија - Скопје финансира создавање на нови композиции во следниве категории:

1) „таленти“ - 10 композиции годишно;

2) „афирмиран изведувач“ - 20 композиции годишно;

3) „истакнат изведувач“ - 35 композиции годишно;

4) „врвен изведувач“ - 37 композиции годишно;

5) „ѕвезди“ - 28 композиции годишно;

6) „композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства“ - 10 композиции годишно;

7) „композиции со кои се афирмира историјата на Македонија“ - 10 композиции годишно и

8) „детски композиции“ - 50 композиции годишно.

При изборот за финансирање на композициите се води сметка за соодветната и правичната застапеност на заедниците кои живеат во Република Македонија.

 

Конкурс за создавање на нови композиции

Право на учество на конкурс

 Право на учество на конкурсот од овој закон има изведувач - државјанин на Република Македонија, со композиција создадена од автори државјани на Република Македонија, а која претходно не е јавно изведена.

Изведувачот на конкурсот доставува барање кое ги содржи следниве податоци за:

А) изведувачот:

- име и презиме на изведувачот,

- адреса и

- телефон/мобилен телефон/електронска пошта;

Б) авторите на композицијата:

- име и презиме на авторот на музиката,

- име и презиме на авторот на текстот и

- име и презиме на авторот на аранжманот;

В) продуцентот на аудиозаписот и за продуцентот на видеозаписот:

- назив и седиште на продуцентот и

- име и презиме на одговорното лице во правното лице;

Г) композицијата:

- жанр на музиката за која се поднесува барање (народна или забавна музика) и

- времетраење на композицијата и

Д) категоријата за која се поднесува барањето.

Право на учество на конкурсот во категоријата „детски композиции“ има еден од авторите на композицијата со композиција која претходно не е јавно изведена.

Учесникот на конкурсот (изведувачот, односно авторот) во прилог на барањето ја доставува и следнава документација:

- извод од државјанство на Република Македонија за авторот на музиката, авторот на текстот и авторот на аранжманот,

- извод од државјанство на Република Македонија за изведувачот,

- извод од Централниот регистар на Република Македонија за регистрирана дејност за продуцентот на аудиозаписот и за продуцентот на видеозаписот,

- склучен пред договор или договор со авторот на музиката, авторот на текстот, авторот на аранжманот, продуцентот на аудиозаписот и продуцентот на видеозаписот на композицијата за која поднесува барање на конкурсот. Доколку изведувачот е автор на музиката, односно текстот, односно аранжманот, треба да достави изјава дека тој е автор на музиката, односно автор на текстот, односно автор на аранжманот,

- изјава од авторот на музиката, авторот на текстот и авторот на аранжманот дека доставената композиција не била претходно изведена,

- композиција напишана во два идентични клавирски изводи со испишан хармониски текст и три идентични примероци на текст напишан на македонски јазик, со кирилско писмо, односно на јазикот на заедниците, како и демоснимка или финална снимка на композицијата и

- за категоријата „детски композиции“ потребно е да се достави и претходна писмена согласност од сите членови на авторскиот тим, односно продуцентот на аудио записот

Изведувачот кој конкурира во категоријата „ѕвезди“ на конкурсот не доставува во прилог композиција напишана во два идентични клавирски изводи со испишан хармониски текст и три идентични примероци на текст напишан на македонски јазик со кирилско писмо, односно на јазикот на заедниците, како и демоснимка или финална снимка на композицијата.

Еден изведувач може да конкурира на конкурсот во една категорија со неограничен број на композиции.

На конкурсот нема да бидат поддржани композиции со текстови со кои се промовира говор на омраза, кршење на човековите права или се заговара употреба на дрога, алкохол и коцка.

 

Потребните документи за учество на конкурсот да се доставуваат или испраќаат на адресата:

МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА

Бул. Гоце Делчев б.б.

1000 Скопје

(СО НАЗНАКА) - ”Учество на конкурс за создавање на нови композиции”

 

(За изведувачите кои да ги доставаат апликациите преку архивата на МРТ, архивата работи секој ден од 8:00 часот до 16:00 часот) 

Повеќе информации за начинот на изведба и финансирање во Законот за поддршка на домашна музичка продукција на интернет страницата на МРТ www.mrt.com.mk