Три претстави на „Оревокршачка“

24.12.2013 15:00

По повод претстојните  Новогодишни и Божиќни празници, во Македонската опера и балет ќе биде изведена „неизбежната“ балетска претстава „Оревокршачка“, претстава која е напишана за овој повод и стана традиција на повеќето сцени во светот да се изведува во очи на овие празници. Имаме чест да Ве известиме дека во нашата „Оревокршачка“, во улогата на Клара, публиката ќе има можност да ужива во играта на гостинката од Бугарија, примабалерината Марија Лозанова, која моментално работи во Романија. Нејзин партнер ќе биде Бобан Ковачевски, во улогите на Шчелкунчик и Принц.

Со оглед на фактот што претставата „Оревокршачка“ е општоприфатена од публиката од сите возрасти, Македонската Опера и Балет ќе изведе три претстави, една во вечерен термин, во петок, 27 декември, со почеток во 20 часот, а во сабота, 28 и недела 29 декември, со почеток во 12 часот. Кореографијата во „Оревокршачка“ на сцената на Македонската Опера и Балет, ја пренесе прославениот балет мајстор од Русија, Михаил Крапивин.