Хотелски брендови во Скопје

Скопски Хилтон ќе се отвори во 2014-та

24.12.2013 16:13

Скопски Хилтон ќе биде отворен кон крајот 2014-та, две години пред првично зададениот рок за изградба – уверува бизнисменот Ајдован Адемовски, кој ја има франшизата за овој светски хотелски бренд. Во изградбата на објектот Адемовски вложува 30 милиони евра, а ќе мора да бидат запазени највисоките стандарди предвидени со договорот.

Што се однесува до прашањето колку ќе чини франшизата, тоа е деловна тајна, за која деталите не смее да ги изнесуваме во јавноста. Тоа е франшиза потпишана на 22 години и ние по една година ќе го имаме Хилтон во Скопје. Тоа со гордост можам да го кажам”, изјави Ајдован Адемовски, бизнисмен

Хотелот ќе располага со 152 соби, 20 апартмани, конференциски сали, спа и бизнис-центри, ресторани. На површина од 25 илјади квадратни метри ќе понуди вистински луксуз.

Освен на Хилтон, активно се работи и на Мериот на Плоштадот Македонија, кој ќе се протега на површина од 20.000 квадратни метри. Инвестицијата е вредна 37 милиони евра и ќе отвори 700 работни места. Веднаш до него ќе се најде хотелот на грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас, каде што срамежливо се почнати градежните работи, а зад Арапска куќа речиси целосно е издигнат хотелот од францускиот синџир Ибис. Сите се на радиус од неколку метри, па конкуренцијата ќе биде жестока.

Мартин Пушевски