Формула 1

Вулканска закана за Ф1

01.10.2014 12:47

Иако засега се оди според предвидениот план, според германски Билд можно е организаторите и тимовите во Формула 1 шампионатот да се соочат со непредвидени проблеми во пресрет на трката за големата награда на Јапонија. Причина е ерупцијата на вулканот Онтаке од каде што и натаму избиваат големи количини чад, пепел и отровни гасови.

Вулканот се наоѓа на околу 200 километри од патеката Сузука и засега не е директна закана, но поради ерупцијата и сериозноста на ситуацијата веќе се откажани многу летови кон Јапонија што е и најголем проблем за тимовите кои транспортираат голема количина опрема.

Според медиумите при ненадејната ерупција на Онтаке животите ги загубија најмалку 30 лица, а многу повеќе се повредени и евакуирани.