Предлог годишен финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2015 година согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

01.10.2014 17:26
Македонската радио телевизија врши функции на јавен радиодифузен сервис во Република Македонија. Програмата се емитува преку два ТВ програмски сервиси, два ТВ Сателитски сервиси и Собраниски канал, како и три радио програмски сервиси на македонски, албански, турски, српски, ромски, влашки и бошњачки јазик и посебни радио  програмски сервиси  (за соседите, иселениците и сателитски сервис) .
Посебните радио и ТВ програми се финансираат од Буџетот на Република Македонија.
 
Во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а имајќи ги во предвид сите околности во рамките на кои се одвива работењето на ЈРП МРТ, изработен е Финансиски план за 2015 година. Изработката е базирана на показателите на работењето  во текот на 2014 година како и на очекуваните приходи и расходи во идната 2015 година, односно со исполнување на законски утврдените извори на финансирање да се изврши нивно усогласување со планираните расходи.