Зголемена потрошувачка на струја

24.12.2013 22:21

Густата магла и ниската надворешна температура ги принудија  скопјани да останат дома , што ја крена потрошувачката на електрична  енергија.Тоа најдобро се гледа во деновите на викендот,кога  термо печките , панелите и  клима уредите работеа без прекин .

,,Само во последните 5 дена потрошувачката на струја во главниот град  е зголемена за 5% во однос на истиот период лани .Најногу сме потрошиле в недела точно 10.823 мегаватчасови . “     

За среќа магла има само во котлините  и потрошувачката во земјава во последниве 10-тина дена  не е зголемена во однос на лани ,кога   температурите биле слични на годинашниве.

Електроцентралите на ЕЛЕМ се подготвени за зимски  режим на работа. Вода има доволно  и хидроцентралите  испорачале двојно повеќе струја од планираното. РЕК –Битола  и ТЕЦ- Осломеј  работат  нормално .

Преносниот систем на МЕПСО функционира нормално , и струјата транзитира  без проблеми . Берзанската цена на електричната енергија е стабилна  ,а енергетските компании уверуваат дека струја, во зимските месеци , ќе има доволно .

Свето Николовски