Формула 1

Росберг на пол,Фетел во Ферари

04.10.2014 09:55

Росберг на пол, Фетел во Ферари, тајфунот Фанфон закана за јапонското гран-при, се топ вестите од далечниот исток во пресрет на 15-тата трка од шампионатот во формула 1.Квалификациите се возеа на одлични временски услови, доминацијата на сребрените стрели по слободните тренинзи продолжи и во квалификациските сесии, за на крајот Нико Росберг со 2 десетинки да стигне до 8-та пол позиција сезонава пред клупскиот колега од Мерцедес  и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон.Вилијамсите одлични, не во конкуренција со Мерцедесите туку „best of the rest“ или

Росберг на пол, Фетел во Ферари, тајфунот Фанфон закана за јапонското гран-при, се топ вестите од далечниот исток во пресрет на 15-тата трка од шампионатот во формула 1.Квалификациите се возеа на одлични временски услови, доминацијата на сребрените стрели по слободните тренинзи продолжи и во квалификациските сесии, за на крајот Нико Росберг со 2 десетинки да стигне до 8-та пол позиција сезонава пред клупскиот колега од Мерцедес  и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон.Вилијамсите одлични, не во конкуренција со Мерцедесите туку „best of the rest“ или подобри од сите други. Ботас и Маса ќе бидат во вториот ред на гридот, додека Алонсо и Рикардо во третиот. Меѓу првите 10 на стартот место обезбедија и Магнусен, Батон, Фетел и Раиконен.

Сепак како ќе се стартува на Сузука и натаму е неизвесно. Поради заканата од тајфунот кој со сета своја сила би донел многу врнежи токму во попладневните часови можно е поместување на времето на стартот за неколку часа порано или како опција е и старт зад безбедносно возило со што носителот на пол добива дополнителна предност.Во секој случај најава за интересна трка и неизвесност откако стана извесно дека актуелниот шампион Себастијан Фетел дефинитивно од идната сезона го напушта Ред Бул. Потврда стигна изутрината од Хорнер со изјавата дека од наредната сезона Себ ќе биде возач на Ферари, иако во црвениот табор засега молчат за крајот на соработката со Алонсо и ангажирањето на Фетел.

Формула 1, атракција, гламур , шпекулации. Барем засега трката за големата награда на Јапонија е утре од 8 часот со пренос на првиот програмски сервис на МРТ.