Формула 1

Хамилтон ја освои Сузука, Бјанки префрлен в болница

05.10.2014 10:51

Нова еден-два победа на Мерцедес, триесета во кариерата на Луис Хамилтон што го доведе само на чекор до рекордот на Мансел што би го направил најуспешен британски возач во историјата, 8-ма сезонава, за зголемено водство во генералниот поредок на 10 поени во однос на второпласираниот на Сузука, Нико Росберг.

Нова еден-два победа на Мерцедес, триесета во кариерата на Луис Хамилтон што го доведе само на чекор до рекордот на Мансел што би го направил најуспешен британски возач во историјата, 8-ма сезонава, за зголемено водство во генералниот поредок на 10 поени во однос на второпласираниот на Сузука, Нико Росберг. Масто на пиедесталот остана и за Даниел Рикардо откако болидите на Ред Бул одлично функционираа на влажната патека, Фетел беше четврти, а влегувањето во боксот непосредно пред излегувањето на безбедносното возило го чинеше подобар  пласман денеска одличниот Батон.Вилијамсите на Ботас и Маса завршија зад него, а во бодови уште влегоа и Верњ, Хулкенберг и Перез.

Тајфунот Фанфон го донесе најавуваниот дожд, па стартот беше зад безбедносно возило,болидот на Алонсо откажа уште во третиот круг зад сејфти кар што остана цели 10 круга по старот, кога условите се подобрија, возачите минаа на интермедија, а веќе во 20-от круг Редбулите ја демонстрираа својата моќ и ги минаа двата Вилијамса кои стартуваа од вториот ред. Во 29-от круг битката за првата позиција му припадна на Хамилтон по претекнувањето на Росберг, а новиот дожд и излетувањето на Сутил беа причина за ново излегување на безбедносното возило зад кое и заврши натпреварот на Сузука

Со Сутил според извештаите се е во ред, но сериозна е состојбата со Жил Бјанки кој веднаш потоа излетал на истото место ,  удрил во возилото што го стстранувало болидот на Сутил и во несвесна состојба е пренесен в болница.Во очекување на детални информации возачите на пиедесталот не прославија на вообичаениот начин.

По Сузука поредокот на врвот остана ист, но битката за шампионската титула меѓу возачите на Мерцедес ќе продолжи веќе по 7 дена со првата-историска трка за големата награда на Русија во олиписко Сочи.