Формула 1

На погрешно место во погрешно време

06.10.2014 13:28

Или како што вели народот така требало да биде. Понекогаш лекциите се учат на потешкиот начин. Додека состојбата на Жил Бјанки и натаму е многу сериозна по опрецијата на главата поради многубројните повреди по излетувањето и сударот со тракторот, светот на формула 1 одново го отвора прашањето за безбедноста на спорот.

Или како што вели народот така требало да биде. Понекогаш лекциите се учат на потешкиот начин. Додека состојбата на Жил Бјанки и натаму е многу сериозна по опрецијата на главата поради многубројните повреди по излетувањето и сударот со тракторот, светот на формула 1 одново го отвора прашањето за безбедноста на спорот. Иако се чини дека никогаш и не било затворено бидејќи интенцијата на ФИА е максимална безбедност на спортот, сепак најновиот инцидент иницира  многу прашања.Можеше ли несреќата да биде избегната , дали се постапи согласно правилата при отстранувањето на болидот на Сутил, дали воопшто Сузука е безбедна патека? Фактите велат дека веднаш по излетувањето на Сутил се развеани двојни жолти знамиње, порака за возачите за сериозна опасност и налог значително да се намали брзината. Аквапланингот е причина за излетување на Сутил и на Бјанки, состојба во која возачот апсолутно ја губи контролата врз управувањето.

Според Маса стјуардите морале да ја запрат трката уште неколку круга порано по вториот силен дожд поради невозможноста  да се вози, Хамилтон тврди дека услови за трка имало и дека само оние што непотребно ја намалиле брзината се соочиле со проблеми. Неспорен е и фактот дека зоните за излетување на Сузука се мали, дека свиокот Данлоп е опасен, дека во комплексни услови искуството игра пресудна улога. Влетувањето на болидот под тракторот и директниот удар на главата на Бјанки во неговата каросерија го потенцира и прашањето за безбедност на кок-питот, иако на него одамна се работи ,засега без решение. Но, во спортот во кој се е на лимитите несреќи се случувале и ќе се случуваат. 20 години по трагичниот на Сена и 5 по сериозниот на Маса, инцидентот на Бјанки одново ги разбранува духовите. Но како што вели легендата Лауда мото спортот сам по себе е опасен. Возачите свесно влегуваат во ризикот , но затоа се славни како астронаутите.

Сепак во моментот кога има безброј дискусии што би било кога би било, едно е најважно. Здравјето и животот на 25 годишниот суперталентиран возач од академијата на Фарари-миленик и пријател на сите на гридот.Од неговиот сегашен тим бараат трпение за информациите околу неговата состојба.