Ремонт и градежни работи на пругата Ногаевци-Неготино

25.12.2013 13:53

Со заем на Европската банка за обнова и развој  в петок почнуваат  градежните работи за ремонт на железничката делница Ногаевци – Неготино од Коридорот 10, во должина од 31 километар. Вкупната цена на проектот којшто треба да се заокружи до ноември 2014-та,  изнесува  околу 9,4 милиони евра. Изведувач на работите е бугарската компанија „ЦК -13 Холдинг“. Последниот ремонт на оваа делница е извршен во 1968 година, што предизвикуваше намалување на брзината на пругата и до 30 километри на час.

Со заем на Европската банка за обнова и развој  в петок почнуваат  градежните работи за ремонт на железничката делница Ногаевци – Неготино од Коридорот 10, во должина од 31 километар. Вкупната цена на проектот којшто треба да се заокружи до ноември 2014-та,  изнесува  околу 9,4 милиони евра. Изведувач на работите е бугарската компанија „ЦК -13 Холдинг“. Последниот ремонт на оваа делница е извршен во 1968 година, што предизвикуваше намалување на брзината на пругата и до 30 километри на час. По комплетното заменување на шините и на праговите, на оваа 31-километарска делница возовите ќе се движат и до 120 километри на час.