Краток престој за Фоњини и Андерсон во Шангај

07.10.2014 16:16

Најдобрите 8 носители вообичаено одмораа во првото коло на 8-от мастерс сезонава, но престојот во шангај кратко траеше за 15-от фаворит Фабио Фоњини кој загуби од кинезот со вајлд карта Ванг , а и ги загуби нервите па некоректно гестикулира кон публиката, а меѓу гледачите брзо се пресели и 16-от носител Кевин Андерсон по поразот од Кукушкин во 2 сета.Мареј во 2 сета го мина Габашвили, како и Карловиќ- Лу и Додиг –Куевас, додека иако со по 1 загубен сет во второто коло се и Симон, Бенето и Лопез.

Вториот ден ги носи и првите поголеми возбудувања со настапот на фаворитите.Утре изутрина програмата во Шангај ќе ја отворат 4-от носител Вавринка против Симон, 7-от Нишикори ќе игра со Сок, бранителот на трофејот и првиот на АТП листата Ѓоковиќ за противник го има  Тим, а од 12 часот и 30 минути напладне и со преноси на собранискиот сервис ќе ги гледаме дуелите меѓу 2-от носител Надал против Лопез и третиот Федерер против Мајер.