Лоша среќа

08.10.2014 14:41

Лоша среќа-официјално според организаторите на Јапонското гран при е причината за сериозниот инцидент на возачот на Марусиа, Жил Бјанки. Според портпаролот на трката на Сузука, во времето на инцидентот биле испочитувани сите протоколи според правилникот на ФИА. Двојни жолти знамиња биле развеани пред местото на првоизлетаниот Сутил како опомена за возачите на патеката значително да ја намалат брзината што подразбира да можат безбедно да запрат во секој момент.

Лоша среќа-официјално според организаторите на Јапонското гран при е причината за сериозниот инцидент на возачот на Марусиа, Жил Бјанки. Според портпаролот на трката на Сузука, во времето на инцидентот биле испочитувани сите протоколи според правилникот на ФИА. Двојни жолти знамиња биле развеани пред местото на првоизлетаниот Сутил како опомена за возачите на патеката значително да ја намалат брзината што подразбира да можат безбедно да запрат во секој момент. Зеленото знаме што се вееше над контролната кула што внесе многу дилеми кај љубителите на Формула 1 според соопштението ја означувало крајната точка на инцидентот и престанокот на важењето на жолтите знамиња. Без оглед на се деталната истрага за сериозниот инцидент продолжува како и интересот за состојбата на сериозно повредениот Жил Бјанки. Ударот со преку 200 километри на час во тракторот за извлекување на болидот на Сутил предизвикал сериозни внатрешни повреди на главата.Според последните информации од јапонската болница Бјанки се уште се наоѓа на интензивна нега и неговата состојба се оценува како критична, но стабилна. Дијагнозата е дека тој доживеал „дифузна повреда на нервните влакна“, односно дека мозокот се поместил  во рамки на черепот. Колку и да звучи позитивно,  сепак се вели дека повредата не  е нималку наивна  и прогнозите се неблагодарни.

Во истовреме се огласи и претседателот на ФИА .ЖАн Тод близок пријател на Михаел Шумахер кој и натаму се рехабилитира по сериозната повреда на главата но по пад на скијање. Иако некои скорешни информации велеа дека е прашање дали воопшто Шумахер ќе може да го продолжи животот во инвалидска количка, според Тод постојат реални шанси Шуми да води релативно нормален живот но не и да вози Формула 1.„Тој се бори, неговата состојба е подобрена, но го чека долг пат“-изјави Тод за Индепендант.