Ѓоковиќ брка хет-трик, Надал елиминиран во Шангај

08.10.2014 16:47

Половина од најдобрата „десетка“ на АТП Мастерсот 1000 во Шангај е во публика уште во втората рунда. Второрангираниот, Рафа Надал доживеа уште еден шок во Кина, по елиминацијата во четвртфиналето во Пекинг минатата недела. Таму беше жртва на квалификантот Клизан а денеска неговиот сонародник Фелисијано Лопез го изненади.

Првиот сет 21-от светски тенисер го доби за 32 минути со 6-3 а во вториот успеа да направи пресврт по 2-5 и во тај брек да ја оствари третата победа во 12 меѓусебен меч со фаворитот. Во трите победи Лопез ги доби решавачките и единствените три тај брека во двобоите со Надал.

Судбината на Надал ја доживеа и четвртиот фаворит Станислас Вавринка, кој во три сета загуби од  Жил Симон. Седмиот носител Кеи Нишикори беше жртва на 60-от Атп играч, Американецот Џек Сок, додека осморангираниот Милош Раонич мораше поради повреда да му го предаде мечот на Хуан Монако кој поведе со 5-2. Во аут е и десетопоставениот на турнирот, Григор Димитров по поразот од Жилиен Бенето во два сета.     

Триумфален настап и најава на хет-трик во Шангај имаше најголемиот фаворит Новак Ѓоковиќ во мечот со Доминик Тием, што го доби со 63 и 64 во сетови. Роџер Федерер, кој нема трофеј од овој настан, многу потешко од очекувањата со тај брек во третиот сет излезе на крај со Аргентинецот Маер.   

Од топ-тен носителите Мастерсот продолжува и за Ферер кој го елиминираше Клизан, и за Бердих по победата над Гаске. Мареј како број 11 беше поуспешен од Јанович,а во мечевите за четвртфинале се и Кукушкин, Баутиста, Карлович, Џазири, Јужњи и Изнер.

И утре од 12.30 на нашиот собраниски сервис ќе ги следите најинтересните мечеви од Шангај.