Божик и бизнисот

Бизнисот трпи поради празниците

25.12.2013 19:05

Божик. Божја љубов влегува во домовите. Време е да се биде со семејството, со најблиските. Како што велат, без разлика каде и да си – за Божик дома да си.

Нека ви биде среќна и благословена божјата присутност на овој Божик. Христос се роди”, изјави Киро Стојанов, скопски Бискуп и апостолски егзарх во Македонија

Божик. Божја љубов влегува во домовите. Време е да се биде со семејството, со најблиските. Како што велат, без разлика каде и да си – за Божик дома да си.

Нека ви биде среќна и благословена божјата присутност на овој Божик. Христос се роди”, изјави Киро Стојанов, скопски Бискуп и апостолски егзарх во Македонија

Западниот свет празнува. Ние ќе почекаме две недели. До 7 јануари. Токму овој период е проблем за стопанствениците. Не можат да работат ниту увозно, ниту извозно. Нивните партнери од западноевропските земји ставија клуч на врата за празниците. Тие ќе слават до Нова година, ние од Нова година. Поради неусогласеноста, бизнисот трпи.

Повеќе од 20 дена нашиот бизнис е комплетно блокиран, особено бизнисот на компаниите коишто имаат интензивна соработка со партнери од западниот свет. Последните нарачки од компаниите во Западна Европа и САД завршуваат до 20-ти месецов, некој ден пред нивниот Божик, а испораките почнуваат по Нова година, кога ние прославуваме. На тој начин доаѓаме во една непријатна ситуација, да дојдат стока и камиони на граница, во период на празници”, изјави Антони Пешев, бизнисмен и претседател на Собранието на СКМ

И додека на пример, Грција и Бугарија, Божик го празнуваат на 25 декември, Македонија, Србија и Русија се дел од земјите коишто строго се држат до Јулијанскиот календар, па рожденството Христово го славиме на 7 јануари. Владиката Тимотеј за Дневник вели дека категорично е против менување на календарот.

Па така, единственото нешто што им преостанува на домашните компании е овој период рационално да го искористат, да го намалат производството и трошоците, да направат ремонт на машините, да си ги завршат домашните обврски.

Новинар: Мартин Пушевски