Eлектронски постапките за поврат на извозното ДДВ

25.12.2013 18:28

Барањата за поврат на извозното ДДВ ќе се поднесуваат електронски. Царинската управа и УЈП воспоставуваат интегриран систем. Компаниите ќе бидат поштедени од шалтерите на  даночните служби и  долгите  постапки за собирање писмени докази –за што трошеа и повеќе од една недела..

,, УЈП со директен систем во електронската евиденција на Царинската управа  ќе може директно да ги обезбеди сите информации, податоците  директно при службена должност при одлучување за поврат на ДДВ .. веке фирмите не мора да се обраќаат во Царинската управа .. – вели Ванчо Каргов , директор на  Царинската управа на РМ

Со новиот систем Управата за јавни приходи  сама  ќе ги следи  сите податоци за тековните системи од  царинската управа за одобрено одложено плаќање на ДДВ, за извршениот увоз или извоз, единствениот царински документ и регистриран излез на стоки.

,, Целата администрација во делот на обезбедување во хартиен формат за достава во УЈ , сите овие технички проблеми ги надминуваме , наши инспектори се овластени за пристап во системот и поминаа низ процес на едукација, како најлесно може да го користат тој систем .. – посочува Горан Трајковски  - првиот човек на УЈП

Податоците што ќе ги црпи Управата за јавни приходи  од Царината ќе ги користи и при утврдување на  наплатата и повратот  на ДДВ. Првиот даночник тврди , исплатата ќе се врши за максимум 30 дена доколку даночните инспектори не контролираат во компаниите ..      

Сузана Фиданска Стоевска