Мојс верува во титула

26.12.2013 13:19

И покрај лошиот влез во сезоната, менаџерот на Манчестер јунајтед, Дејвид Мојс, смета дека неговиот тим може да ја одбрани ланската шампионска круна во англиското фудбалско првенство.

И покрај лошиот влез во сезоната, менаџерот на Манчестер јунајтед, Дејвид Мојс, смета дека неговиот тим може да ја одбрани ланската шампионска круна во англиското фудбалско првенство.

„Треба да почнеме да победуваме. Би било добро да можеме да гледаме ри натпревари подалеку, но сега мислиме само на наредниот двобој. Во најдобар случај се надевам на крајот на јануари да се доближиме до водечките екипи. Ако се случи тоа, ќе се вратиме во трката за титулата“, категоричен е Мојс, иако Манчестер заостанува осум бода зад Ливерпул и Арсенал. Шкотскиот стратег е уверен дека има добар тим, којшто може да ја исполни целта.

„Треба да правиме помалку грешки и да си ја вршиме работата. Помалку зборување, повеќе дејствување“, им порача Мојс на фудбалерите.