Мастерс Шангај

Ѓоковиќ – Федерер по 36-ти пат!

10.10.2014 17:08

Тениска класика, овојпат полуфинална во Шангај, Ѓоковиќ – Федерер. Србинот кој ги освои претходните две титули на претпоследниот мастерс, ја продолжи серијата на 13 победи совладувајќи го Ферер со 6:4 и 6:2. Швајцарецот, кој против првиот светски тенисер има биланс 18:17, со 7:6 и 6:0 беше подобар од Бенето.

Во второто полуфинале, Симон ќе се обиде да ја повтори 2008-ма кога го загуби мечот за титулата од Мареј, додека Лопез првпат да игра за трофеј од серија илјада. Французинот со 2:1 беше поуспешен од Бердих, во третиот сет без загубен гем, додека Шпанецот со ист резултат славеше против Јужни.

Преносите од полуфиналните дуели ќе бидат утре на МРТ собранискиот сервис во 10.30 и во 14.00, додека од неделното финале во 10 часот и 30 минути.