Kрај на доминацијата на Ѓоковиќ

Федерер и Симон во финалето на Мастерсот во Шангај

11.10.2014 17:18

Роџер Федерер и Жил Симон ќе играат утре во финалето на тенискиот Мастерс 1000 турнир во Шангај.

33-годишниот ас, којшто од понеделник ќе го симне Рафаел Надал од второто место на АТП-листата, ја прекина доминацијата на Новак Ѓоковиќ во Кина, елиминирајќи го во полуфиналето. Со по еден брејк во двата сета, Федерер ги освои со по 6-4, за 19-ти триумф во 36-от меѓусебен дуел со најдобриот играч на светот. Ѓоковиќ беше лауреат во Шангај во последните две години, а трипати по ред славеше во Пекинг. Во Кина загуби по 28 победи едноподруго.

Последна пречка на Федерер до освојувањето на титулата којашто му недостига, ќе биде Жил Симон. Во полуфиналето, Французинот беше подобар со 6-2 и 7-6 по сетови.