Шангај влегува во колекцијата на Федерер

12.10.2014 15:42

Рожер Федерер триумфално го заврши Мастерс турнирот во Шангај, со победа во 2 сета над Жил Симон, во кои мораше да игра „тај брејк“. Мечот беше рамноправен и крајно неизвесен, но во клучните моменти швајцарскиот суперстар ја демонстрира својата величина по што заслужено дојде до својот прв трофеј во Шангај, еден од трите Мастерс трофеи кои му недостасуваа во ризницата.  Французинот влезе агресивно во мечот и го освои првиот сервис на Федерер, по што предноста ја одржуваше до финишот на сетот.

Рожер Федерер триумфално го заврши Мастерс турнирот во Шангај, со победа во 2 сета над Жил Симон, во кои мораше да игра „тај брејк“. Мечот беше рамноправен и крајно неизвесен, но во клучните моменти швајцарскиот суперстар ја демонстрира својата величина по што заслужено дојде до својот прв трофеј во Шангај, еден од трите Мастерс трофеи кои му недостасуваа во ризницата.  Французинот влезе агресивно во мечот и го освои првиот сервис на Федерер, по што предноста ја одржуваше до финишот на сетот. Но наместо да поентира на свој сервис, во 10 гем правеше серија грешки со кои го врати швајцарскиот тенисер во игра. Во такви услови Федерер најпрвин израмни а потоа и лесно поведе со 6 : 5, имаше и две врзани сет топки во 12 гем, но Симон успеа да се извлече. Драмата кулминира во “тај брејк“ каде што најпрвин французинот не искористи сет топка, по што ривалот казни за 8 : 6. 

Вториот сет беше сосема поинаков, каде што двајцата го чуваа својот сервис, иако Федерер имаше три брејк можности, а Симон две врзани брејк во последниот 12 гем кои останаа неискористени. Сепак во „тај брејк“ завршницата Федерер одново одигра во свој стил и успеа да го добие со 7 : 2. Тоа е 81 АТП освоен турнир во кариерата на швајцарскиот суперстар и 23 Мастерс титула вкупно, со која е на 4 трофеи зад лидерот на вечната листа Надал и 4 пред најблискиот конкурент Ѓоковиќ. Од далечниот исток задоволен си оди и Симон, кој како 29 на светот на патот до своето второ Мастерс финале елиминира двајца од Топ 10 конкуренцијата, 4 –от фаворит Вавринка и 6 –от Бердих. Последниот од серијата Мастерс турнири е во Париз од 27 октомвр, а големото финале на сезоната во Лондон почнува на 9 ноември.