Симон Трпчевски воодушеви во Прага

26.12.2013 15:13

Историски момент за македонската музичка култура, салата „Рудофилном“ во Прага домаќин на светската премиера на концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери под раководство на маестро Јакуб Хруша  со прашката филхармонија и со најпосакуваниот пијанист Симон Трпчевски. „Симон Трпчевски е ѕвезда, еден од моите најомилени соработници предложивме на изведбата на концертот од Сансанс, концертот Симон да го додаде и концертот на Дамир Имери и тоа како светска премиера. Ова беше голема чест за нас, изјави Јакуб Хруша, диригент.

Мартин Вучиќ ми се придружи на сцената во изведбата на третиот став на тапан и мислам дека атмосферата едноставно зовре и Прага ја почувствува крвта и ги почувствува коренот на македонското општество, изјави Симон Трпчевски, пијанист.

Покажавме дека и ние имаме фантастични автори кои знаат да направат современи дела кои звучат перфектно, изјави Мартин Вучиќ, тапанар.

Навистина сум возбуден и има и зошто, ова нешто да се доживее на ваква сцена, со ваков оркестар со ваква публика, мислам дека е ретка можност и пресреќен сум, изјави Дамир Имери композитор.

Проектот што го реализираа здружението „Куртулоб“ и „Аемџи артист“ од Лондон го подржа Министерството за култура на Република Македонија. Со концертот во Прага, Симон Трпчевски ја заврши исиклучителната концертната 2013 година. Веќе за неколку денови во новата година, новата тура стартува во Монте Карло.

Тони Цифровски специјален известувач од Прага