И Твитер со сопствен сервис за онлајн плаќање

15.10.2014 12:44

Неодамна Епл го претстави Епл Пеј, а Фејсбук исто така најави трансфер на пари меѓу корисниците. Со тоа конкуренцијата на сервиси за директно онлајн плаќање дополнително се зголемува...

Твитер постигна согласност со една од најголемите француски банки Гурпата БПЦЕ, со што на корисниците во Франција ќе им биде овозможено едноставен трансфер на пари директно преку Твитер.
 
Неодамна Епл го претстави Епл Пеј, а Фејсбук исто така најави трансфер на пари меѓу корисниците. Со тоа конкуренцијата на сервиси за директно онлајн плаќање дополнително се зголемува.
 
Твитер неодамна го понуди и сервисот „Buy Now“ што овозможува корисниците да купат рекламен производ директно од Твитер фидот.
 
Засега останува непознатио дали новиот сервис на Твиер во Франција е во фаза на тестирање или ќе биде проширен и во други држави.