Марусиа демантира

15.10.2014 15:23

Ф1 тимот на Марусиа остро реагираше на информациите дека на нивниот возач Жил Бјанки преку радио врска му е наложено да ги игнорира жолтите знамиња на трката во Јапонија. Според написите на некои германски медиуми во кои се тврди дека постојат и аудио снимки како доказ дека  на Бјанки од боксот му е сугерирано да не ја намалува брзината и покрај двојните жолти знамиња при инцидентот  на Сутил.

Во соопштението на Марусија се вели дека тимот е шокиран од ваквите написи во периодот кога Бјанки и натаму се бори за живот, но и дека немаат алтернатива. Тонските записи постојат и може да се утврди вистината. Притоа се додава дека е точно оти Бјанки не ја намалил брзината што е докажано и со истрагата, но тимот нема никаков удел во неговите постапки.