Анализа: Прогнозите на Заев нереални

26.12.2013 15:21

Просечната плата не може да порасне ако политичарите го посакаат и го ветат тоа,  смета професорот Томе Неновски кој во анализа за МРТ вели дека се нереални најавите за зголемување на платите за 100 евра во приватниот сектор. За да се оствари оваа прогноза, вели Неновски неопходно е да има се создаде клима за подобрување на продуктивноста на работниците, која дури потоа може да резултира со зголемување на платите.

- Во 2014-та година очекувам таа продуктивност да се зголеми, но многу е неблагопријатно да се рече дека 350 евра плата во 2013-та година, наеднаш би се зголемила за 100 евра дополнителни. Тоа би сакале сите да го видиме, но сметам дека таквата проценкна е нереална на кус рок, изјави за МРТ професорот Томе Неновски.

Тоа е одлично за граѓаните, ќе ја зголеми нивната куповна моќ и вкупниот економски амбинети во државата но е неодговорно да се ветува бидејќи тоа не се решава со волшебно стапче ниту со одлука на политиката.  Ги прашавме што мислат за тоа и бизнисмените оние кои секој месец се должни на своите вработени да им поделат плата.

- Политичките партии можеби повеќе треба да се занимаваат со подобрување на социјалната политика и предлозите за социјални мерки. Меѓутоа што се однесува до подигнување на стандардот и подигнување на просечната плата, мора да се задоволат повеќе фактори, односно од моќта на бизнис заедницата, од економскиот раст што се предвидува кој може да биде до некаде реален и до некаде достиглив, вели Миле Бошков, претседател на конфедерацијата на работодавачи на Македонија.

Денешен Дневник анализирајќи ги новите мерки на опозициската СДСМ дошол до сознание дека наспроти ветувањато за просечна плата во приватниот сектор од 450 евра, во фирмите на Заеви месечниот труд на вработените е платен со едвај 135 евра.

Бугарија иако е членка на ЕУ од 2007-та година, сепак  е најсиромашна членка на Унијата со просечната плата од 350 евра.  Колку се реални проценките на нашите политичари за исплата на 450 евра просечна плата во приватниот сектор, останува да видиме идната година.

Анита Димитријевска