Цените на пазарите скокнаа пред празниците

26.12.2013 15:44

Тиквата најевтина, костените најскапи. Тезгите полни со јужно овошје, но и со оранжериски производи. Сепак, пазарџиите велат дека неколку дена пред новогодишните празници потрошувачката е речиси  преполовена.

- Многу  слабо, полошо е од лани .Не можеме да го продадеме ова на тезгите .

- Слабо, немаат луѓето пари .

- Слаба е потрошувачката, народот нема пари .

За плиткиот македонски џеб цените се превисоки, велат граѓаните. Веќе забележале дека цените, како по некое по правило, се зголемуваат за секој празник.

- Не пазариме, нема  пари.   

- Превисоки се цените, за празник намерно ги зголемуваат .

- Дојде ли празник ова е невидена скапотија. Дали има министерства, инспекција?!

- Купивте костени ? Скапи се, ама се убави, вкусни .

Доматите во зима чинат од  50 до 80 денари за килограм. Мандарините се движат од 55 до 60 денари.  Најевтини се тиквата и зелката, најскапи костените.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  најголем пораст на цените на зелените пазари во ноември е регистриран кај  пиперките,  додека  намалување е забележано на  лимоните и на бананите.

Дијана Ценевска