Македонска музика и субвенции за играно документарна програма

26.12.2013 15:49

Емитување 8 часа македонска забавна и народна музика ќе го зголеми квалитетот на делата, ќе го мотивира творештвото и ќе создаде почитување на она што значи домашна продукција -  вака авторите ја коментираат одредбата од вчера усвоениот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги. Професорот на музичката акедомија во Скопје, Живоин Глишиќ за МТВ вели дека ова  било неопходно да се случи, поради големиот наплив на неквалитетна музика однадвор.

Сметам дека ова што сега го прави Владата е процес на заживување на македонското културно наследство, без разлика дали се работи за забавна, народна или класична музика, вели Глишиќ

Освен за музиката,во законот е превидена поддрша и за домашната играна и документарна продукцкија. Владата ќе го субвенционира македонското творештво со 50 проценти од вредноста на проектот. Радиодифузерите ќе мора да произведат од 10 до 20 часа програма годишн. Ова ќе ги поттикне македонските автори да ги покажат своите квалитети, смета министерот за информатичко општество Иво Ивановски...

Се со цел да се потикне домашната индустрија за креирање на играни и документарни серии , за да им се овозможи на уметниците, сценографите и на сите други коишто директно се вклучени  во оваа дејност да работат во Македонија, а не да чекаат проекти надвор од земјата, вели Ивановски

Инволвираните во медиумската дејност се уверени дека субвенционирањето на домашна програма и македонска музика ќе значи и развој на медиумскиот простор.

Миле А. Ристески