Давиденко во пензија!

16.10.2014 16:04

Иако веќе неколку месеци го нема на тениските терени, Русинот Николај Давиденко денеска и официјално објави дека ја завршил кариерата.

„Одлуката за пензионирање ја донесов уште во мај по Ролан Гарос кога почувствував дека не можам да постигнам резултат којшто го сакам, но чекав да се разбудам некое утро и да објавам. Го променив костумот и сега ќе се занимавам со бизнис“, изјави 33- годишниот Давиденко.

Во текот на кариерата, Давиденко освои 21 титула. Најдобрите три сезони ги одигра во периодот од 2005-та до 2007-ма кога беше трет на АТП листата и кога четирипати влезе во грен – слем полуфиналиња, по двапати на Ролан Гарос и на УСА Опен. Во 2006-та Давиденко го освои Дејвис купот со тениската репрезентација на Русија, а од трите пехари на мастерсите, највреден му е оној од завршниот турнир на најдобрите осум тенисери во Лондон во 2009-та година. Русинот е единствениот тенисер кој против Рафаел Надал одиграл минимум десет мечеви, а има позитивен биланс. Давиденко има шест победи, Шпанецот пет.

Во петнаесет годишната професионална кариера, Давиденко заработи повеќе од 16 милиони долари, но и беше обвинет дека на неколку мечеви се повлекол наводно поради местење во обложувалниците, а не дека бил повреден.