Ретроспективна изложба во Археолошкиот музеј

26.12.2013 17:11

680 вредни артефакти, 300 нови наоди и експонати од досега откриената импресивна збирка на предмети од територијата на Македонија беа презентирани на седмата археолошка изложба.  Имаше бронзени статуетки, мермерна пластика, накит од Хераклеја, наоди од Кокино, Стоби, Зрзе, Скупи..

 “Хронолошки детерминирани во широкиот дијапазон од различните категории од енеолитскиот период до османлиските времиња и селектирани како репрезенти на различните категории нa археолошкиот материјал, изложбените експонати претставуваат импресивна визуелна панорама на нашето минато, на креативниот континуитет, на цивилизациските придобивки од далечните столетија на нашата културна историја.”Рече министерката Канческа

Оваа археолошка ризница наскоро ќе биде дел од новиот Археолошки музеј.

 “Обидете се да ја почувствувате вековната енергија што зрачи од нив, онаа енергија што во древниот материјал некогаш ја вградиле нивните древни создатели..античките пајонци, пелагонци, десарети, македонци и други стари жители на нашата неповторлива и единствена почва македонска..”-истакна Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство на РМ.

Оваа раскошна оставнина ќе биде уште еден мисионер за вредностите на Македонија и надвор од нашите граници.

Александра Перевска