Фонд за воведување на Халал стандарди

27.12.2013 13:46

 Со 3,1 милиони денари ќе се финансира воведувањето на ХАЛАЛ стандардите во 10 компании кои ќе се пријават на јавниот оглас на Министерството за економија.  Почнувајќи од 27-ми јануари,ќе треба да ја достават потребната документација.Според ресорниот министер Ваљон  Сараќини ова ќе им овозможи зголемување на извозот и  настап на трети пазари .Министерството за економија и годинава имаше предвидено финансиски средства за покривање трошоци за консултантски услуги за воведување на ХАЛАЛ стандардот.

 Со 3,1 милиони денари ќе се финансира воведувањето на ХАЛАЛ стандардите во 10 компании кои ќе се пријават на јавниот оглас на Министерството за економија.  Почнувајќи од 27-ми јануари,ќе треба да ја достават потребната документација.Според ресорниот министер Ваљон  Сараќини ова ќе им овозможи зголемување на извозот и  настап на трети пазари .Министерството за економија и годинава имаше предвидено финансиски средства за покривање трошоци за консултантски услуги за воведување на ХАЛАЛ стандардот. Во Македонија има 11 компании кои го имаат имплементирано оваа стандардизација, а четири компании се во постапка за воведување. ХАЛАЛ пазарот е еден од најбрзорастечките . Досегашната стапка на раст изнесува 40 насто годишно, а за следната година се очекува да биде 50 проценти.Светскиот пазар на овие  производи се проценува на 650 милијарди долари, а европскиот пазар на околу 66 милијарди евра годишно.

Дијана Ценевска