Серена во серија!

26.10.2014 18:44

Серена Вилијамс го одбрани трофејот на завршниот мастерс од тениската сезона. Во финалето во Сингапур, Американката ја совлада Симона Халеп со 6-3 и 6-0, на тој начин враќајќи и за поразот во групната фаза од турнирот. Тогаш Романката беше подобра препуштајќи и на Серена само два гема. Но првата светска тенисерка немаше милост во финалето и петтипат во кариерата го освои трофејот на завршнот мастерс со што се изедначи со Штефи Граф. Годинашниот пехар беше трет во серија за Серена Вилијамс, која според овој статистички показател ја достигна Моника Селеш.