Тенис, Мастерс 1000 турнир во Париз

Новиот татко Ѓоковиќ пак на терените

28.10.2014 12:30

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека не е загрижен за статусот лидер на АТП-листата, пред денешното враќање по кратката пауза во текот на којашто стана татко.

Србинот вечер ќе игра со Филип Колшрајбер, во второто коло на Мастерс 1000 турнирот во Париз. Тоа ќе му биде прв настап откако неговата сопруга Јелена Ристиќ го роди синот Стефан. Претходно, нема одиграно меч од поразот од вториот играч на светот Роџер Федерер во полуфиналето во Шангај пред две и пол седмици.

„Станав татко минатата недела и се чувствувам како број 1“, изјави бранителот на титулата Ѓоковиќ, пред првиот настап на турнир во сала во тековната сезона.

Во екот на подготовките за завршниот АТП турнир во Лондон во ноември, на рангирњето на најдобрите Федерер заостанува само 490 бода зад Ѓоковиќ. На победникот во Париз му следуваат 1000 бода, колку што Србинот брани од ланскиот триумф.

„Никогаш не сум помислил дека тој е надвор од трката за местото број 1. Тој е еден од најдобрите играчи на светот и продолжува на сите да им докажува дека заслужува да биде таму“, вели Ѓоковиќ за Федерер.

„Имам огромна почит за она што го прави. Не мислам дека возраста му е проблем, мислам дека сезонава го игра речиси најдобриот тенис во кариерата“, смета Ѓоковиќ, којшто пред мечевите во Париз се осврна и на новата животна улога, родител.

„Се надевам дека тоа позитивно ќе влијае на мојата кариера. Во однос на тоа како му приоѓам на тенисот, ништо не се менува. Се уште се борам, се натпреварувам, се обидувам да бидам број 1 во светот и се обидувам да победувам на турнирите“, вели Ѓоковиќ.