Париз Мастерс 1000

Мареј на победа до Лондон!

30.10.2014 14:43

Енди Мареј има можност да биде петтиот што ќе обезбеди пласман на завршниот турнир на тениската сезона во Лондон. На Мареј му е потребна победа против Григор Димитров во третото коло од последниот мастерс од серијата 1000 во Париз, за да им се придружи на Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Станислас Вавринка и на Марин Чилиќ. Британецот има позитивен биланс од 3:2, но последните два меча, и тоа сезонава, му припаднаа на Бугаринот кој за да игра во Лондон мора да ја освои титулата во „Берси“.

Теоретски, денеска никој друг од преостанатите кандидати не може да обезбеди учество на турнирот на најдобрите осум тенисери. Давид Ферер, на кој му е потребно финале, ќе игра против Фернандо Вердаско.

Цел на Кеи Нишикори е полуфиналето, а денешна пречка ќе му биде Жо - Вилфред Цонга. Само освојување на Париз му гарантира пат во Лондон на Милош Раониќ кому во осминафиналето ќе му се спротивстави Роберто Баутиста – Агут.

Првиот меч од денешната програма не донесе изненадување. Томаш Бердих со 2:0 славеше против Фелицијано Лопез и за настап во Лондон во четвртфиналето ќе игра против поуспешниот од дуелот Вавринка – Кенет Андерсон.

Во последните два меча пак, ќе продолжи трката за првото место на АТП листата. Второрангираниот Федерер за противник ќе го има францускиот квалификант Лукас Пује кој на дебито на мастерс турнирите досега ги совлада Иво Карловиќ и Фабио Фоњини.

Предноста на најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ во моментов изнесува 590 бода, но Србинот првото вистинско искушение во одбраната на парискиот пехар ќе го има вечерва против Гаел Монфис. Навистина Ѓоковиќ има ипресивна меѓусебна традиција од десет победи во исто толку дуели, но Французинот вчера против Џон Иснер покажа дека е во добра форма и дека пред домашната публика не е без шанси.

Преносите од дуелите Федерер – Пује и Ѓоковиќ – Монфис ќе бидат на МРТ собранискиот сервис со почеток во 19 часот и 30 минути.