Тенис – Париз Мастерс 1000

Тројца навиваат Раониќ да загуби!

31.10.2014 11:08

Откако вчера Енди Мареј победи и со тоа како петти тенисер обезбеди учество на завршниот турнир, а Григор Димитров загуби во третото коло во Париз и со тоа остана без настап во Лондон,  денеска и теоретски може да биде комплетирана осумката учесници на завршниот туирнир во сезоната. Наједноставната варијанта е Милош Раониќ да загуби и со тоа во Лондон да ги однесе Кеи Нишикори, Томаш Бердих и Давид Ферер. 

Канаѓанецот може да се надева дека ќе игра во англиската престолнина само доколу ја освои титулата во „градот на светлината“, што значи дека ќе треба првпат во седмиот меѓусебен дуел го совлада Роџер Федерер.

Тоа е вториот меч од четвртфиналната програма на последниот мастерс од серијата 1000, но во првиот Бердих не мора да чека Раониќ да биде поразен затоа што може се сам да реши со евентуелан триумф против Кенет Андерсон. Чехот е фаворит со победа да го трасира патот кон Лондон, бидејќи нема пораз во 11-те пресметки со јужноафриканскиот тенисер.

Во иста ситуација е и Нишикори кому му потребен триумф во дуелот со Ферер, за да не зависи од резултатот на Раониќ. Ако загуби, Ферер ќе треба да се надева дека Канаѓанецот нема да го освои трофејот. Традицијата е на страната на Јапонецот кој со двете победи сезонава има 4:3 против Шпанецот.

Новак Ѓоковиќ ќе биде под притисок во четвртфиналето со Мареј затоа што ги брани лани освоените 1000 поени во Париз и првата позиција на АТП листата, за разлика од Британецот кој може да игра слободно, откако позитивно го реши прашањето на настапот во Лондон. 14:8 е за најдобриот светски тенисер кој славеше во трите дуели во 2014-та.

Со мечот Ѓоковиќ – Мареј во 19 часот и 30 минути ќе почне двојната програма преноси на МРТ собранискиот сервис во којашто ќе влезе и дуелот Ферер – Нишикори.