Телепортацијата ќе биде возможна за 15 години?!

31.10.2014 12:03

Британскиот астроном и писател Колин Стјуард, пак, смета дека патувањето во иднината ќе биде можно за 85 години, посочувајќи дека во таа област веќе се направени неколку успешни експерименти...

Патувањето низ времето ќе биде можно до 2100 година, а телепортацијата и вселенскиот туризам веќе за 15 години, тврдат британски научници.

Според Мери Жаклин Ромеро, професор на Школата за физика и астрономија на Универзитетот во Глазгов, сцените од филмските хитови „Ѕвездени патеки“, „Војна на ѕвездите“, „Враќање во иднината“ и „Хари Потер“ ќе станат реалност до крајот на векот. Тврди дека телепортацијата ќе биде секојдневна активност до 2080 година бидејќи нема физички закони кои се спротивни на тоа.

Британскиот астроном и писател Колин Стјуард, пак, смета дека патувањето во иднината ќе биде можно за 85 години, посочувајќи дека во таа област веќе се направени неколку успешни експерименти.

Како пример го наведува астронаутот Сергеј Крикалев кој успеал да отпатува во иднината 0,02 секунди.

Иако тоа засега не е импресивно, сепак, покажува дека патувањето низ времето е можно. До 2100 година ќе може да се патува во иднината и по неколку недели, тврди Колин Стјуард.