Груевски со бизнис заедница

28.12.2013 14:51

Зголемувањето на нарачките  и драстичното зголемување на производството на домашната текстилна индустрија ,металната и на дрвната го подигнаа индустриското производство кое во ноември порасна за 3,1% во однос на истиот период лани .Ова е добар старт за 2014-та е заедничка оценка на  премиерот Груевски,  неговиот  економски тим и на бизнис заедницата .

,,Ова беше добра економска година во која секој го сработи својот дел.Владата преку обезбедување на општиот  амбиент за работа, раздолжувањето и навременото плаќање на обврските , а бизнисмените со креативниот претприемачки дух  успеаа добро да ја минат годината.”-смета вицепремиерот и министер за финансии  Зоран Ставрески.

Иако почетокот на годината не ветуваше многу  сепак крајниот резултат е добар и влева оптимизам ,велат од Стопанската комора на Северозападна Макеоднија .

,,Скептиците секогаш остануваат скептици , но ние како бизнис заедница секогаш сакаме да бидеме оптимисти .”-вели  Мендерес Кучи , претседател на Стопанската комора на Северо западна Македонија

Предлозите на бизнисмените се конструктивни и се однесуваат на  подобрување на инфраструктурата,работата на одделни институции,на ИПАРД програмата ,смета вицепремиерот Ставрески ,кој најави дека  тие во најголем дел и ќе бидат реализирани .Кредитната поддршка од 100 милиони евра и креативниот претприемачки  дух на бизнисмените треба да помогнат економијата в година да порасне меѓу 3 и 3,5 % .

Свето Николовски