Тенис, Мастерс 1000 турнир во Париз

Ѓоковиќ и Раониќ во финалето

01.11.2014 19:03

Приближувајќи се до крајот на уште една година како број 1 во светот, Новак Ѓоковиќ ќе игра со Милош Раониќ во финалето на парискиот турнир од Мастерс 1000 серијата. Можноста да го одбрани ланскиот трофеј и третпат да го крене пехарот во „Берси“ ја избори со полуфиналниот триумф од 2-0 над Кеи Нишикори. За нешто повеќе од еден час игра и со половично залагање Ѓоковиќ покажа надмоќ со којашто квалитативната разлика во однос на Јапонецот уште повеќе дојде до израз.

Приближувајќи се до крајот на уште една година како број 1 во светот, Новак Ѓоковиќ ќе игра со Милош Раониќ во финалето на парискиот турнир од Мастерс 1000 серијата. Можноста да го одбрани ланскиот трофеј и третпат да го крене пехарот во „Берси“ ја избори со полуфиналниот триумф од 2-0 над Кеи Нишикори. За нешто повеќе од еден час игра и со половично залагање Ѓоковиќ покажа надмоќ со којашто квалитативната разлика во однос на Јапонецот уште повеќе дојде до израз. Лесни 6-2 во првиот и 6-3 во вториот сет за втор негов успех во четвртиот меѓусебен дуел со Нишикори, којшто досега беше меѓу ретките со позитивен биланс против најдобриот тенисер на светот.

За дваесеттата титула на Мастерс 1000 турнирите, којашто би била шеста вкупно оваа 2014, Ѓоковиќ ќе мора да го прескокне и Милош Раониќ. Ден по првиот триумф во кариерата над Федерер, Канаѓанецот славеше и над Томаш Бердих. Со 6-3 во гемови го освои првиот, па го загуби вториот сет од израмнетиот полуфинален меч којшто беше решен кога Чехот затаи на свој сервис при негатива од 6-5 во решавачкиот трет сет. За Раониќ, којшто од вчера е во друштвото на Ѓоковиќ, Федерер, Вавринка, Нишикори, Мареј, Бердих и Чилиќ како учесник на завршниот АТП-турнир во во Лондон, утрешниот двобој со Ѓоковиќ ќе биде второ финале на Мастерс 1000 турнирите по ланското во Монтреал. Тоа го загуби од Надал, овој пат пред себе ќе има и уште потежок ривал.

Преносот на Собраниски ќе биде од 15 часот.