Тенис – Париз мастерс 1.000

Ѓоковиќ со титула на пат од Париз кон Лондон!

02.11.2014 18:16

Разликата во класа во однос на Милош Раониќ и искуството собрано во големите мечеви, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги претвори во 20-та мастерс титула, четврта сезонава, рекордна трета во Париз како и неговиот тренер Борис Бекер и Марат Сафин и вкупно 47 во кариерата.

Разликата во класа во однос на Милош Раониќ и искуството собрано во големите мечеви, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги претвори во 20-та мастерс титула, четврта сезонава, рекордна трета во Париз како и неговиот тренер Борис Бекер и Марат Сафин и вкупно 47 во кариерата.

Лесни 6:2 и 6:3 за 1 час и 23 минути затоа што Србинот максимално ги искористи своите квалитети, ги анулираше вредности на Канаѓанецот и тактички комплетно го надигра. На Ѓоковиќ му беше поважно да не подарува, отколку да освојува поени, па направи 16 винери, но само 10 грешки. Притоа Новак одлично сервираше како и на цел турнир во „Берси“ кадешто не загуби ниту сет. Спротивно, Раониќ потфрли во највредниот удар - првиот, па уфрли за него скромни 66 проценти. Принуден да ризикува од основната линија, 23-годишниот Црногорец по потекло, не успеа да направи биланс меѓу неизнудените промашувања - 29 и директните поени - 27.

За Раониќ ова е второ загубено финале од серијата 1000, по ланското во Канада. Ѓоковиќ е првиот што ја одбранил титулата во „градот на светлината“  и со 600-та победа во кариерата, 27-ма по ред во сала ја зголеми предноста на врвот на АТП листа на 1310 поени во однос на Роџер Федерер.

Во обидот третпат да ја заврши годината како најуспешен, Ѓоковиќ ќе брани максимални 1500 бода на завршниот турнир во Лондон кадешто од најдобрите осум ќе го нема само треторангираниот Рафаел Надал. Покрај Ноле и популарниот „Федекс“од 9 до 16-ти ноември со преноси на Македонската телевизија во двете групи во англиската престолнина ќе играат и Станислас Вавринка, Енди Мареј, Томаш Бердих и дебитантите Раониќ, Нишикори и Чилиќ.