АТП

Лондон за потврда на првата позиција на Ѓоковиќ!

03.11.2014 15:09

Третата победа на Ѓоковиќ во Париз и елиминацијата на Федерер во четвртфиналето, ја намалија тензијата околу првото место на крајот на тениската сезона. Србинот има одлични услови третпат да ја заврши годината како најдобар, затоа што нема потреба да го одбрани трофејот во Лондон. На Ѓоковиќ му се доволни две победи во групата за да не зависи од резултатите на Швајцарецот затоа што има предност од 1310 бода. Во тој случај, Федерер и да триумфира во англиската престолнина со максимални 1500, па и да собере 275 бода ако Швајцарија го освои Дејвис купот, не може да го загрози Ѓоковиќ.

Во последните осум години само пензинираниот Давиденко во 2009-та успеа да им го украде тофејот на Федерер, кој е рекордер со вкупно шест титули и на Ѓоковиќ кој има три. Никој од шестемина преостанати тенисери кои ќе настапат на 45-то издание, па ниту отсутниот Надал кој е треторангиран на АТП листата, не се радувале на пехарот на последниот сезонски турнир.

За четвртиот Вавринка ова ќе биде второ учество по ланското полуфинале, шестиот Мареј три пати беше во големата четворка во петте настапи, седмиот Бердих има едно полуфинале на трите досегашни турнири, додека во О2 Арената ќе дебитираат петорангираниот Нишикори, осмиот Раониќ и деветиот Чилиќ.

Ексклузивните преноси од завршниот турнир на најдобрите во Лондон ќе бидат на Македонската телевизија од 9-ти до 16-ти ноември.