Федерер со Мареј, Ѓоковиќ со Бердих

03.11.2014 16:57

Како најдобри на светската тениска листа, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се носители, па нема да играат во групната фаза на завршниот турнир од сезоната во Лондон. Србинот ќе ја предводи конкуренцијата „А“ во којашто се и Станислас Вавринка, Томаш Бердих и Марин Чилиќ. Федерер е во групата „Бе“ со Кеи Нишикори, Енди Мареј и со Милош Раониќ.

Титулата ќе ја брани Ѓоковиќ, кој две години по ред се радуваше во британската престолнина.  Рекордер е Федерер со шест трофеи, а квалитетот и реномето градено и со настапите во „О2“ арената, сугерира дека Швајцарецот и Ѓоковиќ се први фаворити за годинашното финале, не само според параметрите на хартија. Надал не игра поради операцијата на слепото црево , а никој од другите тенисери што обезбедија место за завршната тениска приредба досега нема победа. Тројца од нив се дебитанти: Нишикори, Раониќ и Чилиќ.

Ексклузивните преноси од Лондон ќе бидат на Македонската телевизија од 9-ти до 16-ти ноември.