ХТЦ со свој таблет уред следната година

07.11.2014 12:06

ХТЦ ги потврди плановите за повторно враќање на пазарот на таблети и лансирање на сопствен таблет во 2015 година...

Компанијата ХТЦ планира следната година да претстави сопствен таблет по соработката со Гугл и нивниот заеднички производ, таблетот Нексус 9.

Чанг Чиа од ХТЦ ги потврди плановите на компанијата за повторно враќање на пазарот на таблети и лансирање на сопствен таблет во 2015 година.

Од друга страна претставникот на оваа компанија за Северна Азија, Џек Тонг изјави дека „пазарниот простор за таблети со пониски цени (под 160 долари) не претставува профитабилна територија и дека ХТЦ е заинтересиран за премиум сегмент“.

Голем раст всушност се забележува во средниот и премиум сегментот, истакна Тонг.

Доколку овој таблет биде произведен во 2015 година, ќе станува збор за прв ХТЦ таблет кој компанијата го претставила уште од 2011 година и моделот ХТЦ Флајер, чија продажба била толку лоша што никогаш јавно не биле објавени точните бројки.