Мареј разочара, Нишикори слави

09.11.2014 18:18

Нишикори првпат слевеше против Мареј во четвртиот меѓусебен дуел. Во мечот на грешки и со малку тениски потези коишто се нивото на двајцата, Јапонецот ја оствари 53-тата победа во најдобрата година за него во кариерата иако Мареј прв направи брејк...

Кеи Нишикори го победи Енди Мареј со 6-4 и 6-4 во првиот натпревар на завршниот турнир од сезоната во Лондон. Во другииот меч од групата „Бе“, во арената „О2“, од 21 часот со пренос на Собраниски Роџер Федерер ќе игра со Милош Раониќ, а во утрешното прво коло од групата „А“, Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Марин Чилиќ, а Станислас Вавринка ќе се пресмета со Томаш Бердих.

Нишикори првпат слевеше против Мареј во четвртиот меѓусебен дуел. Во мечот на грешки и со малку тениски потези коишто се нивото на двајцата, Јапонецот ја оствари 53-тата победа во најдобрата година за него во кариерата иако Мареј прв направи брејк. Кога Британецот поведе со 3-2 во воведниот сет, а Нишикори никако не можеше да погоди прв сервис, се чинеше дека Мареј е на добар пат. Но откако дозволи Нишикори веднаш да го врати загубениот сервис, се тргна наопаку за шкотскиот тенисер. Во десеттиот гем Нишикори повторно освои противнички сервис и го заокружи сетот со 6-4.

Во вториот, Мареј не можеше да се соземе, па дебитантот на завршниот турнир во сезоната во Лондон поведе со 3-0. Имаше три топки и за 4-0, но најдолгиот гем во мечот, сепак, му припадна на Мареј кој намали на 3-1 и продолжи да брка сервис на Нишикори за да остане во мечот. Упорноста на домашниот миленик  даде резултат во седмата игра, но и тоа не помогна за поинаков епилог. Без оглед на осумте сервис грешки, Нишикори остана на вистинскиот пат и како и во првиот сет, направи уште еден брејк во десеттиот гем за идентични 6-4.

Мареј ќе ја бара шансата во наредните натпревари со Федерер и со Раониќ, а доколку му одат во прилог другите мечеви, на Нишикори може да му биде доволна уште една победа за пласман во полуфинале.