Федерер убедлив против Раониќ

09.11.2014 23:33

Го победи седмипат во осмиот меѓусебен дуел и најави далечен пат нареднава недела на завршниот сезонски турнир во О2 Арена во Лондон...

Роџер Федерер му се одмазди на Милош Раониќ за четвртфиналната елиминација на Мастерс 1000 турнирот во Париз пред девет дена, којашто му го отежна остварувањето на целта да ја заврши 2014 како светски тенисер број 1. Го победи седмипат во осмиот меѓусебен дуел и најави далечен пат нареднава недела на завршниот сезонски турнир во О2 Арена во Лондон.

Со два брејка во првиот сет му препушти само еден единствен гем, по што Канаѓанецот беше многу порамноправен во вториот. Во него и двајцата играчи не дозволија ниеден брејк, иако дебитантот Раониќ беше на чекор до израмнување. При водство од 6-5 имаше сет-топка на 40-30 на сервис на Федерер. Не ја искористи, а шесткратниот шампион на овие турнири тоа брутално го казни. Ги освои наредните три поени со коишто избори тај-брејк, а потоа во него го остави Раониќ на нула, одржувајќи му лекција за тоа кој е кој во тенискиот свет. Мечот траеше час и 28 минути.