АТП финале Лондон

Вавринка недопирлив за Бердих!

10.11.2014 18:15

Двапати по 6:1, најубедлив триумф на Вавринка во петнаесетте дуели со Бердих. Како четвторангиран, Швајцарецот беше фаворит, но неочекувана е леснотијата на победата, без разлика што е петта по ред и вкупна десета во меѓусебните мечеви...

Победникот на австралискиот грен слем, се врати во форма токму за завршниот трунир на најдобрите светски тенисери во Лондон. Швајцарецот Станислас Вавринка го прегази Чехот Томаш Бердих на стартот на групата А.

Двапати по 6:1, најубедлив триумф на Вавринка во петнаесетте дуели со Бердих. Како четвторангиран, Швајцарецот беше фаворит, но неочекувана е леснотијата на победата, без разлика што е петта по ред и вкупна десета во меѓусебните мечеви. И минатата сезона кога на дебито на АТП финалните турнири стигна до полуфиналето, Вавринка во првото коло го совлада Бердих кој сега е петти пат во друштвото на најдобрите со пласман во големата четворка пред три години.

Статистиката го поддржува резултатот во О2 арената, Бердих освои само четири директни поени за разлика од 16-те на Вавринка и имаше 20 или девет повеќе незинудени грешки. И сервисот беше голем хендикеп за Чехот кој уфрли само 56 проценти од првиот удар.

Новак Ѓоковиќ пак, одбраната на двете титули по ред во Лондон ќе ја почне со дуелот против дебитантот, но шампион од американскиот грен - слем, Марин Чилиќ. На Србинот му се потребни три победи за да ја заврши годината како најдобар и во единаесеттиот меѓусебен дуел ќе влезе без пораз од хрватскиот тенисер.

Преносот од мечот, Ѓоковиќ – Чилиќ ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 21 часот.