Праќајте пари преку Фејсбук

12.11.2014 16:13

Со овој сервис корисниците ќе можат да испраќаат пари на други пријатели, исто како што закачуваат фотографии во пораките. Моментално сервисот прима само плаќање со дебитни картички, кои доаѓаат со понизок надомест за обработка од кредитните и полесни се за конфигурирање...

Фејсбук ќе претстави сопствен сервис за плаќање, со кој ќе влезе во борба со компаните како PayPal и Venmo. TechCrunch објави screenshot од новата платформа за плаќање, која тајно е вградена во моменталната верзија на Facebook Messenger за iOS.

Со овој сервис корисниците ќе можат да испраќаат пари на други пријатели, исто како што закачуваат фотографии во пораките. Моментално сервисот прима само плаќање со дебитни картички, кои доаѓаат со понизок надомест за обработка од кредитните и полесни се за конфигурирање.

Кога се зборува за надомест, засега не постои никаков за корисниците кога изпраќаат пари едни на други, но сепак ова е рана верзија на сервисот. Секако ова е само прв знак дека Фејсбук е заинтересиран за онлајн плаќање.