Објавени деветте тома документи на последниот гемиџија Шатев

29.12.2013 17:43

Павел  Шатев, Дон Кихотот  на  Гемиџиите , преживеа се  во  борбата  за  македонската   држава   , освен  комунистичката  диктатура. Го  затворија  во  мрачните  подруми , но  со  печатењето на деветте  тома, на  неговата  пишана  оставина,  ние  му  се  оддолжуваме. Едицијата  според  промоторот  Плевнеш  е како  деветтте круга  на  пеколот.

Павел  Шатев, Дон Кихотот  на  Гемиџиите , преживеа се  во  борбата  за  македонската   држава   , освен  комунистичката  диктатура. Го  затворија  во  мрачните  подруми , но  со  печатењето на деветте  тома, на  неговата  пишана  оставина,  ние  му  се  оддолжуваме. Едицијата  според  промоторот  Плевнеш  е како  деветтте круга  на  пеколот.

Прости им Павел Шатев. Простено  нека  им  биде од  тебе  и  од  Бога, на  безочните  властодршци и ним и на нивните  наследници,што  и  тогаш и денес од  се на  светот најмногу сакаат и  уништуваат се што не  мисли како  нив- Македонија  да  не  ја  биде , а  тие  да  владеат   -  рече Јордан  Плевнеш –промотор на  едицијата

Се  почна  пред  3  години   во  Битола  на  панихидата , за 60  години  од  смртта  на  Шатев. Благодарение  на  контактите  со  неговата  ќерка Милка Шатева успеавме  да  го  добиеме  документите  напишани  на  4000 страници.

Во  форма  на  микрофилм ми  ги  даде сите необјавени  ракописи на  нејзиниот татко Павел Шатев до  кои , како што  нагласи  не  успеала да  стигне  некогашната УДБА. Земете  ги и во  целост  објавете ги.Во  Македонија , конечно да  се  дознае  вистината  за  мојот  татко  -Предраг Димитриевски  новинар  публицист.

Шатев  го  преживеа  историското  време  на идејата  и  создавањето  на  македонската  држава  и денеска  ние  можеме  да  бидеме  горди  остварувајќи  го  сонот целосно .Оттука  и  обврската   истакнаа  премиерит  Груевски и  министерката  за  култура  Канческа-Милевска  да  ги  направиме овие  историски  документи    достапни  за  јавноста.

Едицијата  несомнено потврдува дека од  почетокот на минатиот  век Павел Шатев е централната фигура во  најтурбулентните случувања во Македонија. А тоа  го  прави најповикан, најупатен и  компетентен да  одговори, да  пишува и да ја толкува нејзината  историја   -   истакна Елизабета  Камческа Милевска  Министерка  за  култура.

Македонија  се  поклонува пред големото дело на Павел Шатев и  генерацијата во која тој живееше. Почитувани присутни,доколку не  би постоеле ваквите големи луѓе и настани во историјата на Македонија , би се  изгубила  можноста  за  наше  препознавање меѓу нациите. А без  нивните  подвизи , дела и  херојства,би била  празна историјата и културата  на  нашиот  народ -  изјави Никола  Груевски  претседател  на  Владата  на  Македонија.

Претходниот  систем  според  првиот  човек  на  архивот  Тодоровски  е  причината  поради  којашто  јавноста  толку  малку  знае  за  единствениот  преживеан  гемиџија . Основачот  на  ВМРО –Обединета,  разузнавач  на  тогашниот  советски  сојуз. Првиот  министер  за  правосудство  од  45 -46- та, кој во  49 –та  бил  приведен  поради  несогласувањата  со  властите . Починал  во  1951 –та  и  наместо  во  родното  Кратово  бил  погребан  во  Битола,  без  дозвола  неговото  семејство да  присуствува на погребот .

Виолета Димовска