Победи, но дали за полуфинале?

13.11.2014 17:55

Се подготвуваше за Раониќ, но по повредата на канаѓанецот Нишикори за противник го доби резервистот Ферер...

Најдоброрангираниот јапонски тенисер во историјата Кеи Нишикори дојде до втората победа во третото коло на завршниот турнир годинава, но дали доволна за настап во полуфиналето во Лондон ќе се знае по дуелот меѓу Федерер и Мареј од истата група што ќе почне во 21 часот со пренос на собранискиот сервис на МРТ.

Се подготвуваше за Раониќ, но по повредата на канаѓанецот Нишикори за противник го доби резервистот Ферер. Во меч од 2 часа што изобилуваше со атрактивни поени јапонецот го загуби првиот сет со 4-6 , но ги доби следните 2 со 6-4 и 6-1,доволно за победа , но можеби не и за полуфинале. Да биде во него единствено не му одговара победа на Мареј против Федерер во 2 сета.