најмногу пари да се потрошат за субвенции и за капитални објекти за наводнување

Буџет за земјоделството за 2014та година

30.12.2013 10:38

Стокмен буџетот за земјоделството за 2014 година. Најмногу пари се планира да се потрошат за субвенции и за капитални објекти за наводнување.

Во 2014 година Министерството за земјоделство најмногу пари ќе потроши за водостопанството.

Ќе се инвестира во хидросистемите Злетовица, Лисиче и Јужновардарска долина.

Во Кочанско е почната изградбата на брана на Оризарска Река со која ќе се наводнуваат 1.700 хекари и на брана на реката Коњско за 4.500 хектари.

Во 2014 година најмногу пари ќе се одвојат и за субвенции.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството ќе има на располагање 140 милиони, што е за 5 милиони евра повеќе од 2013 година.

Средствата ќе бидат поголеми и за руралниот развој и ќе изнесуваат 26 милиони евра.   

Со кофинансирање од 50 проценти ќе се поддржат инвестициите за подобрување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопанства, за обновливи извори на енергија и за руралната инфраструктура и туризам.

Методија Трајков