Ѓоковиќ го “прегази“ Бердих и обезбеди прво место на АТП листата

14.11.2014 16:49

Србинот го декласира Чехот Томаш Бердих за 69 минути игра на двапати со по 6 : 2 и без загубен сет обезбеди пласман во полуфиналето, каде што утре ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори.

Трета експресна победа на Новак Ѓоковиќ во 3 коло на финалето од Мастерс турнирите во Лондон. Србинот го декласира Чехот Томаш Бердих за 69 минути игра на двапати со по 6 : 2 и без загубен сет обезбеди пласман во полуфиналето, каде што утре ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори. Што е уште поважно, Ѓоковиќ со оваа победа по третпат го обезбеди првото место на АТП листата на крајот на годината, со досега го оствариле само уште шестмина тенисери во историјата.

Двата сета се одвиваа по исто сценарио, Ѓоковиќ го одзеде сервисот на противникот и водеше по 4 : 0, за на крајот Бердих да освои по два свои сервиси. Тоа беше 19 мешусебен дуел на овие тенисери и 17 победа за првиот светски рекет. Групната фаза завршува вечерва во 21 часот со мечот меѓу Вавринка и Чилиќ со пренос на Собранискиот сервис, каде што швајцарскиот тенисер влегува со 2 бода и обезбедено место во полуфиналето против Рожер Федерер.