Кошарка - НБА

20 минута за Антиќ во осмиот пораз на Атланта

30.12.2013 12:42

Во отсуство на повредениот Хорфорд, македонскиот кошаркар Перо Антиќ втор меч по ред доби солидна НБА минутажа и за 20-те минати на паркетот во Орландо, оствари ефект од по пет поени и скокови. Атланта сепак загуби со 109:102. Афало беше најпрецизен кај домаќините со 21 поен.

Најнеизвесно беше во Кливленд кадешто гостинот Голден Стејт серијата победи ја продолжи на пет меча со кошот на Ирвинг на 13 секунди пред крај на продолжението за конечни 108:104. Токму Ирвинг беше играч на дуелот со 29 поени, 11 асистенции и 9 скока.

Конечно по 13 порази славеше Филаделфија и тоа на гости против Лејкерс со 111:104. Јанг реализираше 25 поени за петтиот загубен натпревар во низа на екипата од Лос Анџелес за која не настапија Брајант, Неш и Блејк.

И без Вестбрук, Оклахома немаше проблеми против Хјустон. 117:86 благодарение на Дурент кој на 33-те поени придодаде и 13 скока и пет додавања за кош. Кај гостите потфрли Харден со само 9 поени.

Сан Антонио се намачи за да го совлада Сакраменто. 112:104 поради фуриозната серија во финишот од 10:2 и 28-те поени на Џинобили.

Резултати:

Орландо – Атланта                 109:102

Кливленд - Голден Стејт        104:108  (по продолжение)

Лејкерс – Филаделфија           111:104

Оклахома – Хјустон                  117:86

Сан Антонио – Сакраменто    112:104